Балкан / Регион

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИ ОСУМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО БАЊИЦА

Петар Р. (34), Урош Р. (24) и Радован Р. (37) се уапсени со брза акција на припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград под сомнение дека учествувале во пукањето во Бањица во кое е убиен еден, а ранети се две млади момчиња.

Осомничените се товарат за тешки убиства, тешки обиди за убиства и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи.

Под сомнение се дека тие денес, попладнето во Вождовац, по вербален и физички судир, со огнено оружје го убиле осумнаесетгодишниот Филип Л., а му нанеле тешки телесни повреди на дваесет и едногодишниот Алекса Đ.

Тие побегнале од местото на злосторството со „шкода“, но набрзо биле откриени и уапсени од полицијата. Осомничените беа притворени до 48 часа, а заедно со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство во Белград.

ВИДЕО ТУКА

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ