Свет

Официјално, Аргентина банкротира!

Меѓународната група која ја регулира трговијата со финансиските деривати, ИСДА, прогласи банкрот на Аргентина, бидејќи до 30 јули не успеа да ги исплати каматите за долгот.


Поради истите овие камати, оваа јужноамериканска земја, банкротира и во 2001 година. Тоа значи дека според соопштението на оваа меѓународна групација, ќе бидат активирани т.н. кредитно- дериватни свопови, облик на финансиски деривати, кои ќе им овозможат на кредиторите да ги намалат или сосема да ти неутрализираат ризиците од банкротирање од страна на должниците врз основа на обврзници.

Во соопштението се наведува дека официјално Буенос Аирес банкротираше на 30 јули кога го пропушти рокот за плаќање на 539 милиони долари за репрограмирање на долгот. Сите 15 членови на комитетот на ИСДА се сложија околу банкротот на Аргентина, како и Елиот менаџмент, мајка- фирма на фондот НМЛ капитал, поради чија тужба Аргентина западна во банкрот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ