Македонија

Во Прилеп одбележан државниот празник Илинден

По повод двата Илиндена, 111 год од Илинденското востание и 70 години од АСНОМ, Прилеп им оддаде почит на сите заслужни дејци и револуционери, на сите прилепчани кои го дадоа животот за слободна и независна Македонија.

Спомен, исконска почит и цвеќе за креаторот на современата македонска државност, големиот прилепчанец и горд Македонец првиот претседател на Президиумот на АСНОМ „Методија Андов Ченто“, на хероите „Ѓорче Петров“, „Пере Тошев“. Делегции од Локалната самоуправа, Советот на општина Прилеп, Здружението на борци од Прилеп, Здруженијата на Бранителите, преставници од политичките партии, граѓани положија свежо цвеќе и пред споменикот „Карпалак“ и на „Могилата на непобедените“.

Со оваа почит кон сите одважници кои себе си се вградија во темелите на својата татковина уште еднаш се потврдува вековното историско битисување на Македонецот. По повод денот на Републиката делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањето во Крушево.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ