Македонија

Албански државјанин е починатиот маж пронајден во Range Rover-от во близина на македонско-албанската граница

Албански државјанин е починатиот маж чие тело беше пронајдено во напуштениот џип во близина на македонско-албанската граница кај Дебар. Како што пренесува порталот „Дибра име“ станува збир за лицето М.Е.(35) од албанскикот град Елбасан.

Во рамки на интензивната истрага,по грабежот во двете златарници во Дебар, полицијата џипот марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки, го пронајде на 31. јули вечерта во месноста „Мирешки Ливади“ во близина на македонско-албанската граница, кај Дебар. На задното седиште во лежечка положба беше пронајдено безживотното тело на М.Е. Грабежот се случи на 29. јули, при што во престрелка беше ранет еден од сопственициите и случаен минувач

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ