Македонија

Пронајден е Range Rover-от со кој побегнале разбојниците, и еден безживотен машки труп

Едно возило,џип рејнџ ровер, со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на решавање на случајот на грабежот извршен на 29 јули во две златари во Дебар , соопшти охридската полиција .

Возило е пронајдено во 19.45 часот кај месноста „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш, потврди портпаролот Стефан Димоски.

На самото место, во тек е криминалистичко-технички увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Дебар, претставници од судска медицина, од Министерството за внатрешни работи и други овластени службени лица, јави МИА.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ