Aвто / Мото

Rimac Concept One – Браќа по струја со болидите од Formula E (Видео)

Во близина на Загреб, во Хрватска, екипа од млади ентузијасти, инженери и дизајнери на чело со Мате Римац се нафатила да конструира електричен автомобил кој успешно ќе им парира на развиканите светски супер спортисти.


Работата започната во 2009 година е финализирана со импресивен супер автомобил, Rimac Concept-One.Пет годишниот труд на младите хрватски ентузијасти заврши со претставување на Rimac Concept-One, автомобил на целосно електричен погон кој постигнува перформанси според кои конкурентите – електрични, хибридни или бензиски – се надминуваат за цела должина на копјето.

Инженерите на Rimac Automobili се одлучиле за концепцијата со погон на сите тркала, односно за вградување на четири електромотори (на секое тркало по едно) кои водени од централна електронска контрола, работат независно еден од друг.

Перформанси

Вкупно исталираната силина изнесува 1.088 КС со вртежен момент од 1.600 Nm кој се испорачува во распон од нула до 6.500 вртежи. Тежината на Rimac Concept_One е задржана на 1.950 kg податок кој овозможува забрзување до првата стотка за импресивни 2.8 секунди. Максималната брзина изнесува 305 км/ч, болидот може и побрзо но конструкторите сметаат дека возилото засега треба електронски да биде зауздано.

Револуционерноста на проектот има уште една една димензија – автономијата. Батериите со капацитет од преку 80 kWh овозможуваат поминување на растојание од цели 600 км што во моментов претставува апсолутно најдобро постигнување за чисто електрични возила. Големиот досег се должи и на оптимизираниот контролен систем кој со ритам од илјади пати во секунда ги споредува сите релевантни динамички параметри и според нив ја прераспределува силината на секој мотор посебно.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ