Две непознати маскирани лица синоќа извршиле грабеж во обложувалницата „Златна Копачка“ на ул.„Тале Христов“. Едниот бил вооружен со пиштол, се заканил на вработена и одзеле засега неутврдена сума на пари по што го напуштиле местото на настанот.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
ИЗВОР: 24 ВЕСТИ