Љубов и секс

Не можеме да научиме да ги сакаме оние кои не сакаат нас

Се затвораме самите себеси во бездната полна од луѓе кои не не сакаат и не не почитуваат. Се гушиме. Различни човечки здивови и дел од оние изговорени зборови навлекуваат тежини во нас, па повторно се гушиме.

Епа се гушиме затоа што сами го избираме тоа, па потоа викаме дека ѓаволот не натерал. Каков ѓавол? Не постои такво нешто! Поголем ѓавол од човек нема!
Никогаш не е доволно она што го поседуваме, мораме да го избледиме нештото пред да го добие својот вистински сјај и да направиме стара фотографија од него. Стара болна фотографија.

Безвременска. Онаа што останува засекогаш, бидејќи кога ќе погледнеме поубаво сфаќаме дека не ни недостасувало ништо кога сме биле со оние кои не сакаат. Е такви сме, само знаеме да искористиме и после сето тоа боли…За тоа не постои лекција.

Или можеби луѓето едноставно не сакаат да го научат тоа. Друг изговор не постои. Тоа сме ние!Ќе си ги цениме оние лошите дебили на кои не им е грижа за нас а секогаш кога ќе дојдат “оние вистинските”ги пуштаме. Нека си одат. И онака никако и никогаш нема да можеме да научиме како да ги сакаме. Секогаш во она најдброто ќе бараме ДЕЛ од злото.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ