All for Joomla All for Webmasters
Љубов и секс

Зошто го сакам само него!

Има нешто толку едноставно, совршено, виновно за секој мој сон, нешто што ја опседнува сета моја љубов, нешто без кое не можам.Да тоа си ти.Човекот кој ме натера да верувам во љубовта!!

Колку ме сака не би можела да знам, но сум сигурна во тоа колку јас го обожавам. Го сакам ете, проклето многу го сакам, ја сакам таа негова кафеава коса, тие блескави како дијаманти кафеави очи, го сакам тоа негово цврсто тело, тие долги прсти кои ме милуваат по лицето, ги сакам тие тенки усни кога така страсно ме бакнува, ги сакам сите негови недостатоци. Па го сакам баш таков каков што е, зошто тој за мене е совршен. Зошто сакам кога ќе ме бакне на чело и ќе ми каже колку ме сака.

Сакам кога ќе ме прегрне, зошто тоа е најбезбедното место на светов. Сакам да го бакнувам. Сакам кога ме буди доцна навечер за да ми каже „Те сакам.“. Сакам кога смрзната во зима ќе ме прегрне за да ме стопли. Сакам кога ме гњави се додека не збеснам. Сакам кога е до мене и прави се да се чувствувам сакано. Сакам кога во мојот најужасен ден ќе ме одведе на некое тивко место и ќе ме прегрне толку силно шепотејќи ми колку сум убава и колку ме сака, се додека не сфатам дека сум најсреќната личност на светот што го имам.

Сакам и кога ми недостига, со тоа ме тера да сватам дека уште повеќе ми значи. Етe и како да не го сакам? И ќе го сакам и целосно ке му верувам, зошто е само мој. Зошто тој е најголемата среќа која ја имам во рацете и нема да ја испуштам.

За инает на сите ќе го направам најсреќниот човек на планетава, па нека завидуваат. А потоа ќе го љубам до бесконечноста, зошто тој мене ми припаѓа.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ