Фудбал

Германија во големото финале на СП со судни маки успеа да ја порази Аргентина

На стадионот Маракана во Рио де Жанеиро (БРА) во 16:00 по локално време или 21:00 по европско време се одржа финалниот натпревар помеѓу селекциите на Германија и Аргентина. На почетокот лесна игра каде што двете репрезентации играа слободно.

Но, прва притисна Аргентина кога Игуаин во ситуација еден на еден со Мануел Ноер во 21-та минута не успеа да го совлада голманот на германската репрезентација.Веднаш потоа во 35-та минута селекцијата на Аргентина постигна погодок за водство но истиот со задоцнување беше поништен поради офсајд ситуација.

Потоа и цело време напаѓаше Аргентина, но топката како да не ги посакуваше аргентинците. Во 44-та минута германците од прекин нафрлија и топката удри во дирекот од голот и потоа се одби од Милер и Ромеро успешно интервенира. Започна и второто полувреме каде што шанси имаа двете репрезентации. Меси и екипата шутираа но топката не ги посака. Но, една кардинална грешка на главниот арбитар , италијанецот Рицоли не досуди фаул ниту пак му даде картон на Мануел Ноер кој го собори Игуаин надвор од шеснајстерецот, ситуација која што можеби и многу влијаеше во понатамошниот тек на натпреварот, ситуација која што беше се освен фаул во напад.

При крајот на второто полувреме во 88-та минута на местото на Мирослав Клосе во игра влегува Гетце. Во регуларните 90 минути резултатот беше 0:0, па имаше две продолженија од по 15 минути. Во првото продложение немаше некој возбудувања, додека во 113-та минута резервистот Гетце по асистенција на Шурле успеа да и обезведи водство на Германија. Аргентина напаѓаше и напаѓаше, но германците постојано правеа прекршоци. Во 119-тата минута имаше слободен урад од преку 30 метри, но за жал Лионел Меси не успеа да постигне гол и со тоа Аргентина да израмни. За голман на светското беше прогласен Мануел Ноер, додека за играч на светското беше прогласен Лионел Меси и му беше доделена златната топка.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ