All for Joomla All for Webmasters
Aвто / Мото

Му ја одземале возачката 49 минути откако го положил испитот

возачка дозвола

Несекојдневна вест доаѓа од Германија. Еден тинејџер останал без својата возачка дозвола само 49 минути откако го положил возачкиот испит.

Осумнаесетгодишното момче веднаш откако ја добил возачката се упатил кон својот дом, меѓутоа бил сопрен од полициски службеници кои утврдиле дека вози побрзо од предвиденото.

Така во зона во која било дозволено максимални 50 км/ч тој возел 95 км/ч што било сосема доволно за одземање на возачката дозвола. “Некој работи се вечни, а некој траат еден час” шеговито напишале полициските службеници во соопштение.

Забраната за управување на моторно возило му е изречена во период од четири недели, меѓутоа враќањето на возачката ќе се случи откако младиот возач ќе посетува дополнителни часови за возење. Покрај забрана, момчето доби и парична казна од 200 евра.

ВРВОТ