All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Јане Ченто: Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка

јане ченто

ИНTЕГРАЛЕН ТЕКСТ од говорот на Јане Ченто пред Судскиот совет на Апелациониот суд Скопје
19.11.2018.

Беше прекинуван цело време од страна на судиите Јани Нича, Сафет Кадриу и Цветанка Периќ.

“Судски совет на Апелациониот суд Скопје, ќе се обидам да бидам најкултурен, најкраток и јасен за вас и за македонската јавност по однос на мојата жалба која е поднесена против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје во кое ми ја продолжуваат мерката притвор по којзнае кој пат без никакви аргументи освен за видот, карактерот, природата на кривичното дело и таканатаму. Освен овај копи паст цитат ниту основниот Суд Скопје 1, ниту Основното јавно обвинителство немаат друг опис за продолжување на мерката притвор.

Имено во решението на образложението повторно истата терминологија, односно повторно наведуваат од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода на ден 03.04.2018 година по не знам кој пат треба да повторам дека јас сум земен од дома и дека сум ја почитувал наредбата на Апелациониот суд и го докажав тоа со извештајот од МBP и извештајот од Hародниот правобранител.

Тогаш Основното јавно обвиниелство тврдеше поинаку но сепак вистината излезе на виделина и тоа го знае цела македонска јавност иако јас сеуште сум во притвор.

Како правник и како граѓанин на оваа држава чувствувам селективна правда од страна на судските власти.

Имено, кога судскиот совет на Апелациониот суд ја одби мојата гаранција во вредност од околу 530.000 евра а прифати далеку помали гаранции од мојата неможам а да премолчам дека се чувтвувам дискриминиран и дека гледам селективна правда односно неправда кон мене и кон другите што се во притворот во Шутка.

Во решението во кое ми ја одбивате гаранцијата и вие идентично како Основниот суд наведувате дека сум можел да се дадам во бегство без ниту еден аргумент да наедете за тоа, но кога го прочитав решението ксж676/18 бев фрапиран во делот каде што советот наведува дека сум бил во бегство, дека сум поднесол гаранција 600.000 евра и пазете сум се грижел за своето предвреме родено дете кое имало здравствени проблем.

Судски совету, мојот син има три и пол години па со оглед на образложението сфатив дека всушност Bие и не слушате што зборувам на овие јавни седници и ова не е прв пат да добијам решение од Апелациониот суд кое прави копи паст на решението туку исто решение добив за мене но со образложение од обвинетиот Горан Ѓошевски Леви.

Вие сте истите тие судии што ми одредивте мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство кога го поднесов обвинителниот акт бараше да ми се продолжи мерката куќен притвор и вие ја продолживте.

Искрено се прашувам дали настнала некоја грешка кога ми одредивте куќен притвор па потоа така лесно и еклатантно без ниту еден доказ да ме вратите во Шутка.

Ако ова се тие реформи и европски вредности во судството, имам чувство дека погрешен е правецот.

Во претходните јавни седници ви зборував со факти и докази, со судска пракса од европскиот суд за човекови права, ви цитирав од прирачникот на здружение на судии на кои сте потписник и вие господине судија Јани Нича и таму е се напишано теоретски како што треба, но праксата е сосема спротивна за жал.

Со факти и докази на моја страна ме држите во притвор повеќе од 11 месеци.

Денес дојдов до заклучокот на мојата одбрана но нема да ја завршам како што обично ја завршуваат адвокатите и да барам куќен притвор и да се брнам од слобода.

Нема да го барам тоа, бидеќи моите браќа се во затворот во Шутка и тие страдаат како мене, неправедно и селективно држени во притвор скоро една година.

Жалбата секако ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен.

Bратете ме во Шутка кај моите браќа и да ја делам нивната судбина, бидеjќи во ваква држава како шлто е во моментов разбирливо е чесните да бидат затворени или убиени.

Ви благодарам.”

Благодарност за медиумите, невладините организации и граѓаните кои беа дел од денешната јавна седница да видат со свои очи дали ова е правда.

ВРВОТ