Македонија

УТРЕ ИЗУТРИНА КООРДИНАЦИЈА ЗА ПРАТЕНИЧКИОТ СТАТУС НА ГРУЕВСКИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери утре во 10 часот закажа координација со потпретседателите на Собранието и со координаторите на пратеничките групи на која ќе се разговара за пратеничкиот статус на Никола Груевски,откако тој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Џафери денеска за ТВ 24 изјави дека е нелогично пратеникот да биде оправдано отсутен во ваква ситуација, но бидејќи законските прописи не предвиделе ваква ситуација, мора да се заземе став.

Доколку пратеник 6 месеци е регистриран за неоправдано отсутен, Собранието може да му го одземе мандатот.

ИЗВОР: 24.mk

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ