Левиот бек на Хрватска, Лука Степанчиќ, по поразот од Германија на Светското првенство (СП) истакна дека е крајно разочаран и дека противникот не смее да слави бурно ваква победа над „каубоите“, потпомогната од делителите на правдата.
„Не знам што би кажал по овој пораз. Вчера заслужено загубивме од Бразил, а денес бевме добри, но во завршницата… не знам како на Германците им се слави ваква победа. Покажавме дека можеме да се носиме и со посилните. Германците се посилни, го имаат нашиот респект, но мислам дека ние заслуживме повеќе. Но, таков е спортот. Дадовме се од себе, од прв до последен. Испаднавме од борбата за полуфинале, но не чека борба за Олимписки игри“, изјави Степанчиќ.
Хрватска во последниот дуел од групата ќе игра со Франција и ќе ѝ биде потребна победа за да го завери олимпиското место во квалификациите.