Македонија

Ова е Македонецот кој до смрт ја избоде жена му на паркинг во Австрија

Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци.

Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот.

На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.

Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ