Македонија

Тинејџер тешко повреден, со автомобил излетал од обиколницата кај Стајковци

Вчера околу 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница кај с.Стајковци, патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, возачот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ