Свет

АКЦИЈА ВО БРИСЕЛ: Најбараниот човек во Европа ѝ избега на полицијата

Абдеслам бил забележан од полицијата во близина на градот Лиеж околу 19 часот и 30 минути, но успеал да избега, објави белгискиот весник „Дерниер јор“.Најбараниот човек во Европа, Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз, синоќа бил забележан во Брисел од страна на полицијата, но успеал да избега.

Тој најверојатно избегал со автомобил „бмв“ кон границата на Германија, објави електронското издание на „Телеграф“.

Белгиските власти се одлучија да го задржат нивото на тревога во Брисел на највисоко ниво поради можноста од напади, поради што ниту денеска нема да работи метрото, а сите училишта во главниот град на Белгија ќе бидат затворени.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ