Вистинска драма се случила денеска на летот Франкфурт – Белград. Американски државјанин со име Лакен, кој по потекло е од Јордан, се обидел во текот на летот да отвори врата и да го сруши авионот, дознава српски Курир.Во авионот меѓу останатите биле и ракометарите од клубот „Војводина“.
Лакен сакаше да отвори врата и да педизвика хаос. Цело време говореше како го изгубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Несреќата сепак била спречена. Лакен бил запрен во својата намера од ракометарите и авионот безбедно слетал во Белград, раскажува изворот за српски Курир.Полциијата веднаш по слетувањето го уапсила патникот.
За се да помине во најдобар ред додека траел летот се погрижиле помошниот тренер на Војводина – Милан Мирковиќ и ракометарот Алексеј Растворчев кој го спречиле терористот во својата замисла.