Музика

Интервју за Баркод.мк со Ангела Стрезоска

Ангела е девојка која ја сака и негува македонската народна музика. Ученичка е во гимназијата “Кочо Рацин” во Скопје и е четврта година. Има доста специфичен глас, а за своето појавување на Звездите на Гранд и се за нејзините планови околу музиката ќе ни раскаже во следните 30 минути.

Баркод.мк: Како сте задоволни од успехот на Звездите на Гранд и дали повторно би се пријавиле ?

Видете Звездите на Гранд е навистина интересно натпреварување кое што на учесниците им нуди шанса да ги покажат своите вокални способности пред големиот аудиториум. Јас можеби не стигнав далеку, но сепак сум задоволна со тоа како ги отпеав ,,Море Сокол пие” и ,,Судбо моја” и мислам дека пристојно и скромно си ја претставив мојата Македонија. А, што се однесува до тоа дали би се пријавила повторно, па сега за сега не планирам.

Баркод.мк: Колку долго се занимавате со музика и кој жанр го обожавате ?

Се уште не се занимавам професионално со музиката но би сакала во иднина да бидам и јас дел од естрадното поднебје. Животот е пред мене не се брзам никаде, што е мое еден ден ќе си дојде зар не? (се смее). Иначе ја обожавам македонската народна музика и ако успеам да испливам во музичките води би сакала овој жанр да го негувам.

Баркод.мк: Кој ви се најомилени пеачи од Македонската естрада ?

Бидејќи ги има многу еве само дел: Сузана Спасовска, Блага Петреска, Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Војо Стојаноски, Марјан Коцев, Благоја Грујовски, Миле Кузмановски, Васка Илиева, Сариевски, Бадев, Костадинова, Гоце Арнаудов, Кирил Митоски, Анета Мицевска уште да набројувам? (се смее) ај доста се!

Баркод.мк: Дали планирате да снимите некоја песна во иднина ?

Нормално размислувам и за тоа, но се во свое време.

Баркод.мк: Што ќе им порачате на читателите за крај ?

Прво би ги поздравила сите ваши читатели, им посакувам многу здравје и среќа, да веруваат во себе и никогаш да не се откажуваат од тоа што најмногу го сакаат.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ