Македонија

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп со нов проект

Учениците заедно со професорите од Србија и Унгарија како и домакините од СОУ „Ѓорче Петров“, денеска ја посетија општина Прилеп.

Училишната делегација беше причекана од шефот на кабинет Марија Секулоска и од Советникот за образование Марјан Матракоски кои им ја претставија Општина Прилеп, ги запознаа со работата како и со многуте проекти реализирани од страна на општина Прилеп. СОУ „Ѓорче Петров“ учествува во проект кој е дел од АЦЕС-програмата за прекугранично партнерство на училишта. Целта е размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство на училиштата.

Проектот е поддржан од 15 министерства за образование на исто толку земји-учеснички. Поделени во тимови, учениците со менторите имале работилници, каде, заедно со гостите од Србија и Унгарија наоѓале патишта за изготвување на мини проекти.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ