По повод одбележувањето 3-ти Ноември „Денот на ослободувањето на Прилеп“, делегации од Локалната самоуправа на Општина Прилеп,
Советот, АРМ и Сојузот на борци од Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот кај Песјобрдце.
Исто така денес во центарот на Прилеп беше поставен и споменикот на прилепската легенда – Крали Марко.