All for Joomla All for Webmasters
Македонија

МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП ОДРЖА ЛОКАЛНА ДИСКУСИЈА СО СРЕДНОШКОЛЦИ

Присутните ученици кои се активни во младинските организации во нивните училишта дискутураа и ги кажаа своите мислења за потребата и важноста за регулирање на правото на младинско учество во средното образование.

Локални дискусии со млади се одржуваат во 10 градови низ цела Македонија, со цел да се соберат препораки кои понатаму ќе се разгледуваат од повеќе институции како дополнение на законот за средно образование во делот на младиснко учество и организирање.

Овој настан е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ кој го спроведуваат Коалиција на младински организации СЕГА и Младински Совет Прилеп во соработка со Младински Образовен Форум и Детска амбасада Меѓаши со поддршка на Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност како и од Детската Фондација Песталоци.

ВРВОТ