Македонија

Спектакуларен огномет за дочек на 2015 година во Прилеп

Новогодишната програма во Прилеп започна со Милениумската торта – „1000 ГОДИНИ ПРИЛЕП“ која беше подготвена од четирите познати слаткарници.

Градоначалникот Маријан Ристески ги поздрави присутните граѓани поделувајќи им по парче од милениумскава торта. На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ беше организирана и наградна игра со карти по симбилична цена од 10 денари, а среќните добитници ќе добијат мотор, велосипед и телевизор. Вечерната програма започна во 21:00 часот со настапот на познати музички имиња Денис Димоски, Давид Нешкоски – Трио, The Hounds, Македонски Синови, Бен Хур, Crossroad Blues Band, Стефан и Лидер Бенд, Милена Јованоска и Блага Петреска.

Градоначалникот Ристески, на сите граѓани им ја честита Новата 2015 година со желби за бериќет, здравје, среќа и просперитет.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ