All for Joomla All for Webmasters
Македонија

„Шверцерите“ пак со ножеви: Уште едно момче од „Комити“ заврши во болница

Центар – Волково

Министерството за внатрешни работи објави дека вчера пред полноќ во градски автобус со број 22, кој сообраќал на релација Центар – Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, вербална расправија на две групи прераснала во физичка пресметка, при што еден од учесниците бил повреден со нож.

„Лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица“, информираат од полицијата.

На социјалните мрежи кружат информации дека нападнатиот бил следен веќе некое време, и е член на навивачката група на фубалскиот клуб Вардар – Комити. Се споделуваат и фотографии од двајцата напаѓачи, кои се дел од ривалската навивачка група Шверцери на Шкупи од Чаир.

ВРВОТ