All for Joomla All for Webmasters
Македонија

Натепани тројца прилепчани, само еден ги препознал напаѓачите

Вчера во 23.40 часот во Полициската станица Прилеп, М.П.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на улица ,,Кеј 9-ти Септември“ физички бил нападнат од лицата Ш.С. од село Десово, Б.П. од Прилеп, С.Ф. од село Канатларци и А.С. од село Пешталево.

Рано утрово во 04.30 часот во Полициската станица Прилеп, Д.М.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот во Бизнис центарот во Прилеп физички бил нападнат од лицето И.Б. и уште две непознати лица.

Утрово во Полициската станица Прилеп, М.Б.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот на плоштадот ,,Методија Андонов Ченто“ во Прилеп физички бил нападнат од непознато лице, при што изгубил свест и паднал на земја.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите три случаи.

ВРВОТ