УЕФА ги информираше француските власти за нерагуларности на мечот помеѓу ПСЖ и Црвена звезда, а причината е обидот за обложување на еден член на управата на Црвена звезда.
ПСЖ го декласираше српскиот шампион со 6-1, а пред натпреварот многумина очекуваа ваков исход.
Угледниот француски портал „Лекип“, тврди дека некој од функциониерите на Звезда пред натпреварот се обидел да уплати пет милиони евра на победа на парижаните од најмалку пет гола разлика, а УЕФА тоа го дознала и ги информирала надлежните во Франција.
Доушникот кој го информирал претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е многу лојален и сигурен, а неименуван „висок челник“ од редовите на црвено-белите планира да профитира со огромна уплата преку повеќе обложувачки извори.
Заработувачката на овој функционер би била десетици милиони евра, а добивката наводно требало да ја преземе во еден локал во Париз по натпреварот. Сепак, полицијата не стигнала на тоа место навремено, па не е познато дали дошло до примопредавање на пратката.
Како што дополнително пренесува францускиот портал, неименувал челник на црвено-белите се сретнал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, но француската полиција не дознала ништо од тој состанок.