Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО за БАРКОД.МК: Проглас од уставобранителите

уставобранителите

Изутринава до редакцијата на Баркод.мк пристигна следниов проглас од уставобранителите.

Драги браќа и сестри,

Нашата борба е јасна. Ние бевме и сме на браникот на татковината а и на нашите национални и државни интереси.Ние уставобранителите, водени од идејата за сувереност на нашиот македонски народ, од идејата за слобода, правда и национална саможртва, нема никогаш да се помириме со ова што и се случува на нашата татковина, разнебитувањето на македонското национално ткиво, свесното газење на принципите на правдата и родољубието, сквернавењето на се што е свето за македонскиот народ и потценување на македонската национална свест, мора да се запре, и да се опстои на вредностите на нашите предци и херои чии дела ги славиме, но како да не им веруваме.

Со големо жалење од темните зандани гледаме како партиите се препукуваат, а го забораваат народот и тоа што му се прави на нашиот напатен народ. Занданите не не плашат, и не не загрижуваат. Ние ваква судбина сме подготвени и да умираме. Не загрижува и не плаши сето она што се случува во моментот. Она македонско проклетство и неслога. Имаме голема благодарност до нашите браќа кои се со нас. И нашите идеи и стремежи. Тоа е знак дека нашата активност не била попуста. Сепак ова јавно писмо е со една јасна цел. Со нашето предходно писмо предупредивме,дека има многу кои се пречка на нашата кауза.

И одработуваат за свои лични интереси и ништо повеќе. А тоа го представуваат како наводен патриотизам. Ние тврдиме дека тоа не е. Тука дека се коцкаат со нашиот народ а за свои лични страсти и потреби. Ние не сме гневни на оној што не стави овдека. Нему дури и му простуваме, колку и да звучи ова лошо. Тој си тера своја агенда и јавно ја кажува, и ја кажуваше. И тоа е негов грев. Тоа историја ќе го толкува. Ние сме биле и сме противници но свесни сме дека тоа што тој прави е легитимно. Браќа и сестри, Тоа што најмногу боли е што ние сме предадени од нашите. Предадени сме од тие на кои им верувавме дека се вистински патриоти и дека знаат што е борба за дело и вистина. Ние сме предадени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Никој не води сметка за нашите семејства. Никој не прашал дали ни треба нешто оставени сме на милост и немилост. На еден од нашите браќа пред неколку дена адвокатите му купуваа паштети за неговите дома, а на друг за децата ранци за школо. Додека ова раководството на најсилната опозициската партија која треба да е симбол на скромност и саможртва, лудува по кафеани, дискотеки, шета по елитни хотели по свет, и троши илјадници евра, за работи кои немаат врска со каузата, туку само за нивно добро и раскошно живеење.

Ние сето тоа го знаеме. А знаеме и уште повеќе. Знаеме и дека има луге кои сакаат да бидеме на слобода, се борат за нас, но и дека има начин и знаат дека тоа е правиот пат, дека се борат за нас, дека има излез но дека Мицкоски се откажа од нас,одбил заради свои лични интереси, лични каприци и сигурно скриени антимакедонски идеи. Затоа со ова јавно писмо сакаме да им порачаме дека нема да им заборавиме. Или, треба да знаат дека во затвор ќе влеземе, ама еден ден и ќе излеземе но кога ќе излеземе тие нема да бидат мирни.

Мирни нема да бидат и во меѓувреме. Ние имаме наши браќа кои се спремни да ја истераат правдината. Ние ги знаеме сите со име и презиме од ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои на славата на историското ВМРО пробуваат да глумат лажни патриоти а во суштина сакаат само да профитираат, го злоупотребуваат народот и си играат со неговите чувства. Ние тоа нема да го простиме.

Им порачуваме. Долга е раката на ВМРО! И тоа ќе го видите наскоро, ако не разберете дека ваша должност е да се грижите за нас и сите оние македонски синови и ќерки кои се спремни да гинат за македонската кауза. Тоа е ваша должност. Кога последен пат сте посетиле некого од браќата? Кога последен пат сте прашале како сме и дали ни треба помош? Кога сте прашале како ни се семејствата? Не заборавивте и не оставивте кога ни е најтешко.

Ова е наше последно предупредување до вас! Берете ум! Ние ќе си дојдеме по своето. Да е вечна Македонија !!!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ