Фудбал

„Телеком арена“ ќе биде дел од ЕП 2020!?

УЕФА се соочува со голем проблем околу изградбата на стадионот во Брисел каде треба да се одиграат три натпревари од групната фаза и еден осминафинален дуел.

Ако му се верува на германскиот портал „Стадионвелт”, тогаш најголемиот македонски стадион „Телеком арена” би можел да биде дел од Европското првенство во 2020 година.

УЕФА се соочува со голем проблем околу изградбата на стадионот во Брисел каде треба да се одиграат три натпревари од групната фаза и еден осминафинален дуел.

Доколку не биде решен проблемот со стадионот во Брисел, УЕФА ќе ја активира резервната опција, односно во конкуренција ќе бидат шесте стадиони, кои претходно аплицираа за домаќини на ЕП 2020 а беа одбиени.

Освен „Телеком арена”, во игра ќе бидат и стадионите во Стокхолм, „Васил Левски” во Софија, „Милениум” во Кардиф, „Колек” во Ерусалим и „Трактор” во Минск.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ