Фудбал

ВИДЕО: Борец ја фрли Беласица на колена во Велес

Беласица

Лидерот во ВМФЛ – Исток, Беласица го запиша вториот сезонски пораз на денешното гостување во Велес кај екипата на Борец (3-0). Струмичани ја прекинаа позитивната серија и примија погодок по цели девет натпревари. Српскиот интернационалец, Дарко Јоциќ, беше човекот на одлука за домашниот тим, кој со два гола од слободен удар донесе три големи бода.

Ѓорѓи Ѓорѓиев се надоврза на одличните први 45 минути на велешани, кои заминаа на пауза со убедлива предност. Лесни три бода освои и второпласираната Брегалница која триумфираше над Плачковица (2-0) со ловите на Наумов и Велковски, па борбата за баражот ќе се решава во последното коло, кое се игра наредната недела.

Екипата на Кожув од Гевгелија ја оправда фаворитската улога и пред своите гледачи ја совлада Саса (2-1). Домашните фудбалери имаа пеколен старт и во само две минути постигнаа два гола. Даниел Лазаровски во 3. минута и Раде Ристенски во следниот напад обезбедија високи 2-0 и најава за одлично попладне на гевгеличани. Пред полувремето гостите ја преполовија негативата преку Дамјан Ивановски во 18. минута.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ