Македонија

Крвава тепачка во Прилеп

Денес во 02 и 30 часот во полициската станица во Прилеп, 30- годишниот Џ.М од Прилеп пријавил дека вчера околу 23 и 30 часот, без повод и причина, пред куќата на неговиот чичко бил нападнат од поголема група на луѓе предводена од страна на лицето Р.Ј.

Со него биле неговиот брат С.Ј., неговите соседи А.Н., Е.Н., З.Н., Р.Н. и К.Н. Истите со себе носеле стапови, секири и лопати, со што ги нападнале чичко му С.М. и соседот Б.Ш. Во нападот со телесни повреди се здобиле Џ.М. и С.М., додека со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗВОР: МАРКУКУЛЕ

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ