Забава

Македонки растурија во асоцијација на погодување на имињата на светските фудбалери!(ВИДЕО)

Видеото кое како вирус се прошири на социјалната мрежа Фејсбук ќе ве остави без зборови, но во исто време и воодушеви, поради интересната игра на асоцијација на погодување на имињата на познатите светски фудбалери во која главни улоги ги имаат две девојки.

Имено видеото е снимено во телевизиски квиз „Среќни луѓе“ каде во водителска улога го гледаме Драган Вучиќ но овој пат наместо смешни скечеви имаме видео кое и тоа како е интересно.

И додека на Фејсбук се води полемиката за тоа дека девојката која ги погодувала имињата на фудбалерите имала помош од „суфлер“ од публика, нас, а веруваме и на многу други, вниманието ни го плени девојката која ги објаснува асоцијациите и нејзиното импресивно знаење за оваа област во која според непишан правило посилниот пол го има „ветото“ на информираност и знаење. Да не должиме многу погледнете и самите за што станува збор:

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ