Фудбал

Прилепчани сепак ќе ја гледаат Победа во Прилеп

Како што неофицијално дознава тимот на Barkod.mk, интезивно се работи на теренот на “Могила”, кој е кандидат терен каде што Победа може да ги одигрува своите домашни натпревари.

Победа се соочува со проблеми поради реконструкцијата на градскиот стадион, и поради тоа мора да бара алтернативни терени во соседните градови, најчесто во Битола. Како што неофицијално дознаваме, реконструкцијата на тревникот на теренот на “Могила” е во напредна фаза и се поставени столчиња.

Останува уште проширување на соблекувалните, и потоа ќе се чекаат претставници од ФФМ кои ќе оценат и ќе и дадат зелено светло на Победа, своите домашни натпревари да ги игра на стадионот на “Могила” додека траат реконструктивните зафати на градскиот стадион “Гоце Делчев” – Прилеп.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ