Фудбал

Победа поразена во пријателското пелагониско дерби

Фудбалерите на Победа попладнево на теренот на Могилата во „генералката“ пред почетокот на пролетната полусезона загубија од второлигашот Пелистер со 1-2. Ова е првиот пораз во 5-тте контролните натпревари на црвено – белите во подготвителниот период.

Пелистер поведе преку Шопоски, по една неуспешна офсајд стапица на штоперите на Победа. Израмни Каланоски со глава по центаршут на Тимовски.

Победата на битолчани ја донесе Илиоски со глава по слободниот удар на Наумовски, откако никој од играчите на Победа во 16-тникот не ја изби нафрлената топка.

Во првите 45 минути Победа беше подобар противник но залудно затоа што не искористи 3 зицер шанси-две ги имаше Гешоски- со глава и со нога, а една Танушев кој со глава биеше над пречката. Во вториот дел кога веќе тренерите Николоски и Крстески направија повеќе замени темпото на игра опадна и немаше многу изгледни шанси. Единствената изгледна не ја искористи Каланоски при резултат 1-1 а го регистриравме и обидот на Танушев, кој биеше непрецизно.

Победа: Тофилоски, Тимовски, Ристевски, Јаќимовиќ, Карчески, Ј. Наумоски, Спиркоски, Танушев, Трајкоски Каланоски и Гешоски.

Во вториот дел уште играа:Котески, М.Наумоски, Мандиќ, Паноски, Ефремов, Асани, Неделков и Ристески.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ