Фудбал

Тофилоски: Вардар е лидер, но ние во Штип патуваме по три бода

Тофилоски

Одличното издание од дуелот против шампионот, Шкендија, максимално ги подгреа очекувањата од „црвено-белиот“ табор на Победа во пресрет на утрешниот дерби меч од 8. коло против Вардар во Штип.

Капитенот Дарко Тофилоски рани во одлична форма и еден е од најзаслужните за добрите изданија во текот на овие изминати седум кола. Победа со шест примени гола во седум кола придонесува и фактот дека Тофилоски не е совладан на трите досегашни гостувања.

„Очекувам уште еден тежок и неизвесен натпрвар. Вардар несомнено е во редот на водечките клубови во земјава. Лидери се на табелата и тоа доволно кажува дека се во добра форма и дека ни престои тежок меч. Но, концентрирани сме на нашата игра и нашиот учинок. Сметам дека доколку го повториме изданието со Шкендија имаме големи шанси да забележиме нова победа. Но, до неа можеме да стигнеме само со 200% од нашите сили, ангажман и дисциплина во играта на сите оние кои ќе ја добијат довербата на тренерот Мегленски. Во нашиот состав нема ни повредени, ни казнети така да со сите расположиви сили патуваме за Штип по нова победа и нови три бода“, велwи голманот на Победа.

Главен судија на ова дерби ќе биде Дејан Јакимовски, а ќе му помагаат Марјан Младеновски и Гоце Петрески.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ