Француските медиуми денес потврдија дека ПСЖ е на добар пат да го комплетира трансферот на аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија од Манчестер Јунајтед. Еминентниот „Екип“ потврди дека трансферот е практично договорен на база на 70 милиони евра и останува да се договорат само уште мали детали.
Ди Марија ќе потпише четиригодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона и во наредните неколку дена треба да пристигне во Париз на медицински прегледи. Аргнетинецот минатото лето за 69 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“ но не се снајде баш најдобро во Премиер лигата, па „црвените ѓаволи“ ќе му дозволат да си замине после само една сезона.