Навивачите на АПОЕЛ кои се прогрчки ориентирани со провокации за фудбалерите на Вардар и Македонија. Навивачите на најтрофејниот кипарски клуб АПОЕЛ, истакнаа транспаренти со провокативна содржина, очекувано со политичка содржина, познавајќи го фактот дека тие се прогрчки ориентирани.
Тие истакнаа пароли на кои пишуваше: „Името Македонија е свето, и никој не може да го украде“, а исто така имаше уште еден транспарент на кој пишуваше: „Македонија е грчка“.
Вардар успеа да остане непоразен, а најзаслужен за тоа беше “министерот за одбрана” – Пачовски.