All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Донесен нов Закон: Строги сакнции за навивачите кои ќе носат фантомки, бакли и ќе предизвикаат инцидент на спортски натпревар

Српскиот парламент денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за спречување на насилство и недоличност на спортските настани кои треба да го подигнат степенот на безбедност.

Клубовите сега ќе мораат да и достават на полицијата име, презиме и ЕМБГ на секој навивач кои ќе купи влезница, а еден навивач може да купи најмногу четири карти.

Обврска на организаторот, по новиот Закон е да ги отвори вратите најдоцна два часа пред почетокот на спортскиот натпревар со зголемен ризик или еден час порано за останатите натпревари.

Казна од милион до два милиони динари во иднина ќе плаќаат спортскиот сојуз, друштво или организација кои нема да осигураат безбедно одржување на утакмиците или нема да ангажираат редарска служба.

Под насилство и недолично однесување на спортските настани особено ќе се смета обидот за уништување или уништувањето во спортскиот објект или истакнувањето на натписи кои предизвикуваат национална, расна, верска или друг вид на нетрпеливост или навреда.

Покрај тоа за насилство ќе се смета и друг начин кој предизвикува омраза или нетрпеливост која може да доведе до физички судир.

Како насилство ќе се третира и поседувањето на пиротехнички средства и предмети кои можат да ја загрозат безбедноста, како и маскирање на лицето заради прикривање на идентитетот во случај на насилство од било кој облик.

Затвор од 30 до 60 дена, односно парична казна од 50.000 до 150.000 динари, го чека оној кој физички ќе ги нападне учесниците на утакмицата, ќе го уништува имотот, ќе внесува пиротехнички средства, алкохол или предмети кои можат да нанесат други повреди, како и на оној кој ќе пали навивачки реквизити…

Исто така, забранета е продажба или конзумирање на алкохолни пијалоци во спортските објекти или на оддалеченост од еден километар од средната точка на спортскиот терен во Белград, Крагуевац, Нови Сад и Ниш, а во останатите места до 300 метри за време на одржувањето на спортските настани.

 

ВРВОТ