Фудбал

ФФМ излегоа со соопштение за прекинатиот меч Победа – Македонија ЃП

Пресметката на Победа и Македонија ЃП е прекината во 72-та минута од мечот при водство на „лавовите“ со 1-0.

„Во рамки на 7-то коло на Втората МФЛ, напреварот помеѓу екипите на Победа Прилеп и Македонија Ѓорче Петров 1932 не го дочека својот крај. Во 72-та минута од натпреварот при резултат 0-1, навивачи на домашната екипа влегле во теренот и предизвикале прекин. За исходот и спортските последици дополнително ќе решаваат надлежните Комисии на ФФМ“, е известувањето на ФФМ за хаосот што настанал во Прилеп.

За овој прекин надлежните комисии, пред се натпреварувачката и дисциплинската, идната во вторник ќе решаваат за целиот случај, по разгледувањето на делегатскиот извештај од мечот. Повеќе од извесно е дека дуелот ќе биде регистриран со победа за Македонија ЃП, која имаше и водство до моментот на прекин, а потоа прилепчани се соочуваат со дисциплинска постапка и можни остри санкции за овој инцидент.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top