Фудбал

Мечот Победа – Македонија ЃП прекинат во 72 минута

Дербито на поранешните македонски шампиони во Втората лига, Победа и Македонија ЃП во Прилеп не го доживеа својот крај, откако бил прекинат во 70-та минута од мечот при водсто на „лавовите” со 1-0 со гол на ветеранот Бобан Јанчевски.

Целата ситуација настанала откако главниот судија, почнал пристрасно да суди и ги фаворизирал гостите. На секој минимален контакт на домаќините биле санкционирани со жолт картон, или воопшто во ситуации во кои и немало фаул бил досуден, за разлика од гостите биле наградувани и за поостри стартови биле наградувани само со усна опомена. 

Кулминација на целата ситуација бил моментот кога досудел непостоечки корнер за гостите. Во тој момент, гледачите на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп скандирале против Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а потоа почнале да фрлаат со предмети кон корнер знаменцето, оневозможувајќи да се изведе ударот од аголот.

Во тој момент, судијата Далибор Ѓорѓевски решил да ги повлече играчите за да се смири ситуацијата, но наместо тоа, иницирал уште поголем хаос. Гледачи влегле на теренот и направиле хаос, го бркале судијата, а играчите избегале во соблекувалните.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ