Екипата на Јувентус официјално потпиша договор со брзоногиот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо. Во таборот на „бјанконерите“ искусниот Квадрадо доаѓа од Челси.
Во Италија тој ќе мине една година како позајмен, со право на откуп. Претходно, брзоногиот крилен фудбалер во Серија А настапуваше за Фиорентина, каде беше клучен играч во првиот тим. За екипата на Челси минатата сезона тој одигра 13 средби, но не се израдува на деби-гол.