Балкан / Регион

Изрешетен до смрт еден од водачите на „Гробарите“ (ФОТО)

Александар Јоксиќ, наречен Јокса, еден од водачите на навивачката група на „Партизан“, навивачката група Јанг Бојс, убиен е во вторникот вечерта пред зградата во Раковиц.

Напаѓачот во него испукал неколку куршуми и побегнал, но полицијата, како што пренесуваат српските медиуми веќе му е на трага. Првата претпоставка укажува на тоа дека Јоксиќ не е ликвидиран поради конфликт со навивачите, туку поради нерасчистени сметки и најверојатно поради работа со наркотици.

Тој во вторникот околу 20 часот автомобилот го довел во Раковиц и паркирал на улицата „Пилот Михаил Петровиќ“. Потоа заминал до кладилница, каде кратко се задржал. Од кладилницата изјавиле дека Јоксиќ бил нервозен. Излегол потоа низ споредна зграда која е прилично мрачна. Таму се сретнал со еден маж.

Од кладилницата изјавиле дека Јоксиќ бил нервозен. Излегол потоа низ споредна зграда која е прилично мрачна. Таму се сретнал со еден маж. -Се претпоставува дека дошло до кавга, по што напаѓачот извадил пиштол и пукал во Јоксиќ. Лидерот на навивачите се обидел да се спаси. Притрчал по патеката низ улицата, но напаѓачот го стигнал и го усмртил, вели анонимен извор.

Јоксиќ е погоден во главата и градите и подлегнал на повредите на лице место, додека убиецот побегнал. Полицијата мртвиот Јоксиќ го затекла со мобилен телефон кој ѕвонел.

Соседите велат дека навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан во нивниот крај почнале со конфликти, по неодамна одиграното фудбалско дерби. Испишаа графити по зградите, а едно момче е рането при пукаењто пред десетина дена, изјавил станар од соседната зграда.

ИЗВОР: КУРИР

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ