Медицинскиот персонал во КБЦ во Земун во последен момент спречиле непознат маж да влезе во интензивна нега кај Дарко Лазиќ да му достави дрога, дознава српски Курир.
Во јавноста пред неколку дена излезе информација дека Лазиќ од доктор побарал да му “донесат нешто”, со што некои од неговите пријатели решиле да му ја исполнат желбата, не водејќи сметка дека дополнително можат да му го загрозат живото.
Спрема сознание на овој портал, во понеделникот после пладне дежурната медицинска сестра забележала еден маж околу 30 години кој се вртел околу влезот на интензивна нега, се обидувал да влезе во натре.
Таа веднаш му пришла и го прашала кај кого дошол и што му треба. Мажот почнал да мумла, повторувајќи дека е пријател на Дарко и само сака да го виде. Бидејќи и станал сомнителен веднаш го повикала обезбедувањето да го испрати до влезот.
Еден од стражарите раскажал дека станува збор за познат дилер кој повеќе пати е уапсен поради препродажба и поседување дрога, како и за тоа дека треба да се извести полицијата.
“Ние бевме шокирани кога слушнавме дека некој пратил дилер на пациент кој е во тешка здравствена состојба да му се носи наркотик, таков случај досега не сме имале во пракса”, вели извор од болницата додавајќи дека незнае дали случајот е пријавен во полиција.
“За тоа задолжени се лекарите или некој од болницата, јас за тоа незнам ништо. Но знам дека една наша колешка веднаш другиот ден им кажала на родителите на Дарко за инцидентот кој се случил, при што се запрепасте кога слушнале за тоа”, тврди соговорникот.