Мода и убавина

ФОТО: Ќерката на Рамацоти во танга- папараците имаа што да сликаат

Аурора е ќерка на Ерос Рамацоти и Мишел Хунцикер, моделка и актерка со која легендарниот италијански музичар беше во брак од 1998 до 2009 година. Аурора имала само седум години кога нејзините родители се развеле поради што веќе тогаш таа завршила на насловните страници на таблоидите. Последните денови таа ужива во Мајами, а папараците не пропуштаат да ја „фатат“ разголената ќерка на Рамацоти која сега има 21 година.

Ќерката на Рамацоти на Инстаграм гордо ги објавува фотографиите со својот татко иако разводот првобитно малку ги оддалечил еден од друг. Нејзината мајка за неа во јавноста никогаш не сакала многу да зборува, освен кога во една прилика истакнала деак разводот ѝ го променил животот.

Ерос на својата ќерка ѝ посветил две песни „Quanto amore“ и „Aurora“. Поради славните родители, оваа 19-годишна девојка во Италија е вистинска ѕвезда, а фотографите ја следат на секој чекор. Кога кариерата е во прашање, и таа се испробала во музиката, но откако нејзиниот труд не бил забележан на италијанскиот музички натпревар „Икс Фактор“, се свртела кон модата. Во моментот работи во секторот односи со јавноста во модната куќа „Трусарди“.

Освен неа, Ерос ги има и ќерката Рафаела Марија и синот Габрио Тули кои ги добил во бракот со Марика Пелегринели.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ