Македонија

Кирил Џајковски ќарил 891.222 денари од “Пивофест 2018”

Пивофест 2018

Изминаа десетина од дена од последното 16-то издание на фестивалот на скара и пивото во Прилеп, “Пивофест 2018”.Годинешните впечатоци освен за првите луѓе во општината се чини се поразителни за гостите.

Слабата програма, со чесни исклучоци, малиот број на штандови и немањето на новитети, ги разочараа посетителите.

“Фокус” дознава колку изнесувале хонорарите на дел од изведувачите на фестивалската сцена.

Според она што го кажа градоначалникот Илија Јованоски, склучените договори изнесувале 2.418.095,00 денари.

Како што дознава “Фокус” како рекордер со највисок хонорар се шпекулира дека е Кирил Џајковски со 891.222 денари. Хонорарите на дел од останатите музичари кои настапија, се следните: Тони Зен – 154.250 денари, плус персонален данок, Александра Јанева – 43.150 денари, Фортисимо Бенд – 30.850 денари, Некст Тајм – 154.250 денари, Црвена Јабука 370.200 денари, Дарио – 215.950 денари, Бени и Нон Стоп – 184.500 денари.

Не е познато за колкава сума настапувале најскапите изведувачи: Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, Милица Тодоровиќ, Либеро Бенд и Ван Гог.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ