Македонија

Прилеп се подготвува за градската слава Св. Никола (ФОТО)

Општина Прилеп и Тутунскиот комбинат се подготвуваат, по 10 јубилеен пат, на 19 декември да го одбележат патрониот празник на градот, „Свети Никола“.

На прес-конференција, градоначалникот Марјан Ристески и домаќините најавија дека на плоштадот „Александрија“ односно на булеварот „Гоце Делчев“ оваа сабота ќе бидат поставени масите и пунктовите со богатата посна светиниколска храна која веќе ја подготвуваат традиционално женските здруженија и организации од невладиниот сектор, а присутните ќе можат да уживаат и во убавата културно-забавна програма која ќе се одвива на камената бина.

Гостите и добронамерниците ќе можат да вкусат 60.000 посни сарми, 300 килограми грав, 300 килограми риби и да се напијат вино, ракија и други пијалоци подготвени од страна на домакините – Тутунскиот комбинат. Програмата за Свети Никола ќе започне со литургија во црквата „Св.Благовештение“, а потоа следи литија каде сите верници заедно со градоначалникот и домаќините ќе се упатат до центарот на градот пред параклисот на „Св. Никола“, потоа следи водоосветување и прережување на празничниот колач пред Параклисот на „Св. Никола“ во центарот на градот и крајот е предвиден за Празничен ручек со културно-уметничка програма на плоштад „Александрија“.

Во чест на празникот започна и турнир во мал фудбал, а ќе биде отворена и изложбата „Уметниците во чест на Св.Никола“. Се очекува и оваа година убавата празнична прослава на денот на светецот Св. Никола кој воедно е и светец заштиник на градот Прилеп да донесе голема посетеност на патници добронамерници од целиот регион.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ