Опожарена е локомотива на возот што сообраќал на железничката пруга Штип- Свети Николе во близина на фабриката на месната индустрија МИК Свети Николе.
Според првичните информаци од Противпожарната единица од Свети Николе, патниците се евакуирани, а пожарот е локализиран. Изгорени се три тони нафта кои биле во цистерната на локомотивата.Пожарникарите успеале да спречат да експлодира локомотивата.Пожарот избувнал околу 17:45 часот, а МЖ ги презела патниците.
ИЗВОР: Media.mk