Балкан / Регион

АТИНА БАРА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ: Пожарот завзема се поголема површина, досега најмалку шестмина повредени

пожарите

Грција доставила барање за меѓународна помош во гаснењето на пожарите, соопштија од грчката противпожарна служба.

– Поради големиот обем и интензитет на пожарите и опасноста, нашата земја поднесе барање, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за меѓународна помош по воздух и земја, рече Ставрула Малири портпаролка на грчката противпожарна служба и објасни дека 6 лица со изгореници биле пренесени во болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, воени бродови и фрегата, со одлука на началникот на Генералштабот на грчката армија, ќе се упатат кон плажите во близина на жариштето во источниот дел на областа Атика, за да спасат граѓани кои се заглавени и не можат да си заминат поради затворените улици и интензитетот на пожарот.

Дел од граѓаните, според истите информации, се упатиле кон плажите за да избегаат од огнената стихија, а единствен начин да се евакуираат е по воден пат. (МИА)

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ