Балкан / Регион

ЦРН БИЛАНС ВО ГРЦИЈА: Најнов црн биланс во Грција, 74 лица починаа

загинати во пожарите

Најмалку 74 лица починаа денеска поради шумските пожари во населбите во близина на Атина, објави Ројтерс, цитирајќи неименуван официјален претставник на грчката противпожарна бригада.

Според извештаите, најмалку 187 лица, вклучувајќи и 23 деца, се повредени во пожарите. Бројот на исчезнати лица сè уште не е познат.

Грција прогласи три дневна жалост поради пожарот, а премиерот Алексис Ципрас рече дека Грција минува низ досега невидена трагедија.

Инаку, во попладневните часови, грчкото знаме на зградата на владата и парламентот е на половина копје, а сите манифестации беа откажани.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ