Македонија

Мапата на Македонија обоена во црвено- еве во кои градови ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа!

Како што веќе претходно на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев објави дека Гордана Силјановска Давкова води во повеќе општини и градови, веќе и мапата на ДИК го потврдува тоа.

Радувај се Македонија, ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, готови се, ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува, Гордана Силјановска Давкова е изборот на народот, Гордана ќе биде, народот покажува дека е мудар и секогаш во право, ова на прес-конференцијата го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Водиме во огромен број на општини и избирачки места, против народ не се може од 43 проценти обработени избирачки места водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, но и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода. Од веќе обработените податоци победивме во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров, вели Јанушев.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ