Кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во убедливо водство од досега пребројаните гласови, дознава Република од свои извори.
Според она што досега е обработено разликата помеѓу Силјановска и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски е повеќе од двојна. Од обработените изборни места во Куманово, убедливо е водството на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Иста е ситуацијата и во скопската општина Ѓорче Петров и Аеродром. Предност Силјановска Давкова има и во Битола.
Наскоро со повеќе и подетални информации.